MyFinn FinnConsulting workspace
Онлајн

СМЕТКОВОДСТВЕНО БИРО FINN

Сè што му треба на вашето биро, собрано на едно место.

MyFinn ја држи работата на бирото на едно место: јасни податоци, контролирани процеси и документи готови кога требаат - од електронското фактурирање до банкарските изводи.

Заштитени податоци

Пристапот е ограничен на овластениот тим, а информациите остануваат во системот на бирото.

е-Фактура (УЈП)

Електронските фактури се испраќаат директно во системот на УЈП, според стандардот.

Банкарски изводи во живо

Изводите пристигнуваат автоматски во системот од главните банки во земјата - без преземање и без рачно конвертирање.

100+ автоматски обрасци

УЈП, ПИОМ, ФЗОМ, инспекторат, договори и одлуки - се пополнуваат сами со податоците на фирмата и на работникот, готови за печатење.

HR - Управување со работници

Работниците, договорите, одморите и платите на едно место, поврзани во единствен тек на работа.

Автоматски известувања

Системот сам јавува за роковите што се приближуваат - ДДВ, аконтација, договори и лиценци што истекуваат - за да не се пропушти ниту еден рок.

Постојано надградување

Платформата се развива непрекинато според реалните потреби на бирото и на клиентите.

ТРИ ВЛЕЗА

Секој гледа само тоа што му припаѓа.

Во истата програма влегуваат три вида корисници. Бирото со еден клик одлучува кој што гледа - и никој не гледа повеќе од тоа.

Фирмата

Сопственикот или сметководителот на фирмата ја гледа само својата фирма: фактурите, изводите, работниците, пријавите и документите - дел по дел, како што дозволува бирото.

Работникот

Работникот ги гледа само своите податоци: договорот, платниот лист, одморите и своите документи. Барањата за одмор одат директно кај фирмата.

Клиентот на фирмата

Купувачот на фирмата ги гледа само своите фактури - отворени и платени - и ги презема кога му требаат, без да прашува никого.

ПОБАРАЈ ПОНУДА

Колку чини за вашата фирма?

Напишете два збора за фирмата и ќе ви вратиме одговор со цената и што опфаќа. Без обврска.

Или пишете ни директно на info@finnconsulting.mk.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Имате прашање? Пишете ни или јавете се.

Тука сме за секое прашање околу програмата, пристапот на клиентот и соработката со бирото.